Раперот од Њујорк го најави толкувањето на главната улога во филмот „The Pursuit“, а за истиот ќе биде и продуцент.
Според информациите од „Билборд“, Крстис „Фифти сент“ Џексон заедно со продуцентот Рендал Емет, т.е нивната продукциска куќа Cheetah Vision Films во соработка со Emmett/Furla Films, ќе бидат продуценти на акциониот филм, кој носи наслов „The Pursuit“, а во филмот кој ќе го режира Џеси Тереро, главната улога ќе ја добие “50 Cent”.
Како што велат продуцентите на филмов, за кој сценариото го изработи Мет Џонсон, „ еден полицаец кој следи криминалец, треба да се поврзат како би го фатиле третиот човек – ограбувач на банка со кој и двајцата имаат нерасчистени долгови. Притоа сите тројца се гонети од сојузниот агент кој сака да ги спречи првите двајца да го убијат третиот, а со тоа тој би го добил судскиот процес кој му следува по законот“. Навистина интересно, раперот има улога на полицаец.
Дистрибуирањето на филмот е работа на Lionsgate, а почетокот на снимањето е најавен за февруари следната година.