Бракот ќе ги смени лошите навики
Тоа не значи дека луѓето неможат да се сменат, но повеќето навики остануваат кај партнерите и после венчавката. Многу е опасно ако партнерот има лоши навики –пцуење, пиење, коцкање, а вие се надевате дека после венчавката би се сменил. Вистината е дека нема колку и да се трудите.
Брачните парови се треба да прават заедно
Многу веруваат дека ако едниот партнер ужива во некоја активнот, дека и тие би требало да ја засакаат, затоашто партнерите се прават заедно. Тоа можеби е убаво, но гледано од друга страна може да доведе до расправии. Клучна работа што треба да ја разберете е дека не треба да значи дека треба да го поминувате секој миг заедно. Дури може е поубаво да уживате во различни активности, а после тоа се враќате еден кај друг задоволни и среќни.
Партнерот ви е најдобар пријател
Да, партнерот би требало да ви биде на прво место, но не единствена најважна личнос во вашиот живот. Ако не ги задржите пријателствата ќе станете несреќни уште пред бракот, како што на жените им треба женски разговор со другарките, така и на машките и треба утакмица пиво и другарите.
Сексот во бракот е досаден
Проблемот е во заблуда дека сексот секогаш треба да е див за да биде добар, па многу мислат дека страста во бракот бледее, а сексот досаден. Вистина е дека ако некого добро го познавате интимно, се чувствувате слободно и опуштено поради што сексуалната врска може да биде квалитетна.
Раѓањето дете ќе ве зближи
Тешко е да поверувате дека тоа не е вистина, особено ако и двајцата сте го посакувале тој ден. Меѓутоа вистина е дека напорната работа и многубројните обврски ќе ви остават малку време кое ќе можете да го поминувате заедно. Затоа е важно да ги поделите обврските околку детето и за родителството да донесувате заеднички одлуки.
Свекрвата ќе ви биде секогаш непријател
Ако така мислите и така се однесувате од почетокот, веројатно така и ќе биде. Наместо тоа пробајте да ја разберете, запознаете и на вашиот однос гледајте на позитивната страна. Ако таа носи дома купени јадења, не дека мисли дека вие незнаете да готвите туку може сака вие да имате повеќе слпбпдно време.