Ние никогаш нема да дознаеме за големите книги и списи кои некогаш биле напишани од големите умови на човечката раса и изгубени низ времето, уништени од војните или можеби се сеуште тука некаде, а само добро скриени од нас. Меѓутоа вистината е дека голем дел од човечкото знаење е исчезнато без трага.
“Евангелието на Ева”, автор непознат
Ова е најсексуалниот и најперверзниот апокриф од сите напишани до сега па поради ваквата слободна содржина и начин на изразување по тоа време, јасно е зошто оваа книга не преживеала. Едноставно оваа книга не се впишува во строгите правила и критериуми на Црквата, која жестоко се бори против издавањето на ваква литература. Ние никогаш нема да ја прочитаме оваа книга бидејќи со наредба на Епифаниј, големодостојник во црковниот ред, оваа книга била темелно уништена како дел од тенденциите на Црквата да ги искорени грешните мисли од умот на човекот.
“За создавањето на сферата”, Архимед
Се претпоставува дека ова е книгата која го објаснува создавањето на античкото чудо – Планетариумот, астрономските часовници и се она што древните Грци направиле со цел да си го олеснат животот. Жал ни е бидејќи ја нема затоа што таа го објаснува извонредниот “Antikyther” механизам, антички механизам калкулатор измислен околу 100 п.н.е. Дури и повеќето современи механички стандарди бледнеат во споредба со оваа книга, само помислете што се би можело да содржи оваа книга? Оваа книга заедно со уште стотици безценети книги во “Александриската библиотека” се запалени од страна на Римјаните.
Ретки книги од “Домот на мудроста”
Во Големата библиотека во Багдад, претходно наречена “Congres” , се чувале многу ретки книги со потекло од три континенти. Ова било интелектуален центар по времето на исламската Златна доба (меѓу 750 и 1258 година). Место каде Персијанците ги криеле најголемите научни, медицински, астрономски и технолошки достигнувања. Кој знае каде ќе бевме сега ако ова непроценливо културно наследство се запазеше до ден денес. Но за жал, оваа библиотека е уништена од страна на Монголите во 1258 година, и изворите сведочат за тоа како реката Тигар била црна скоро година дена од мастилото на фрлените книги во реката кои биле во огромен број.
Остатокот од Епскиот циклус, различни автори
Тоа е остатокот од Епската сага, која ја содржи “Илијада” и “Одисеја”.Целата оваа спектакуларна сага содржела 8 делови, од кои само овие две потпишани од нивниот автор Хомер, се запазени. Останатите делови од оваа сага, за кои Аристотел сведочи дека раскажуваат за комплетната авантура на Одисеј веќе ги нема, а замислете од каква непроценлива важност и влијание во музиката, театарот, филмот и цела култура би имале ако ги имавме и денес .
“Хермократ”, Платон
Оваа древна книга претставува уникатна трилогија, од која првите 2 дела се запазани , тоа се познатите “Critias”и “Timaeus” на Платон. За третиот дел од трилогијата, Хермократ, се верува дека содржила информација односно концептот за молекуларна секција на златото и само претставете си какво влијание ќе имаше за развојот на науката и технологијата ако ја имавме оваа книга и денес. Исто така се верува дека третиот исчезнат дел на оваа трилогија ја содржел и вистината за судбината на Атлантида за која често се навестува во првите 2 дела.
“Ab urbe condita libri”, Тит Ливиус
Ова е комплетна историја на Рим од Тројан до Август, што значи дека оваа книга треба да содржи се што некогаш е напишано за Рим. Книгата имала 142 тома и се верува дека содржела информација за египетската архитектура, меѓутоа за жал изгубена е како и останатите споменати претходно книги.
“За Бога и неговите војни”
Изгубената книга наводно сведочи за војните на Мојсеј, Исус и Израелците. Ако оваа книга преживееше до денес ќе беше подеднакво популарна како Библијата бидејќи се вели дека е напишана од Бога, директно или идиректно.