Има многу проблеми што можат да доведат до прекинување на врската, но важно е да сфатите дека без разлика колку е тоа болно, понекогаш тоа е навистина најдоброто решение.
1 Добивање простор за себе.
На секого му треба простор. Кога сте навикнати на слобода, и имате посесивен партнер до себе, тоа може да претставува тешкотија во односот. Со прекин на врската добивате време само за себе.
2 Самите да се пронајдете
Кога на вашиот дечко / девојка им велите дека сакате пауза, тоа обично сигнализира дека сакате да се гледате со други луѓе. Сепак, тоа е ретка причина. Можеби само ви треба малку време да си се посветите себеси како поединец.
3 Сознавање дали сте компатибилни
Ако се сомневате дали сте компатибилни со вашиот партнер, можеби е време за пауза. Одалеченоста може да ви дозволи да размислите за сличностите и разликите помеѓу вас.
4 Чувство смиреност
Врските можат да бидат страствени но и досадни. Прекинот може да ви помогне да се “соберате” и размислите за проблемите.
5 Донесување на одлука за она што навистина го сакате
Понекогаш две лица сакаат различни нешта. Можеби паузата нема никаква врска со партнерот, туку со вашата одлука да сознаете што точно сакате, без разлика дали станува збор за долга врска, брак, деца, кариера или нешто слично.
6 Поставување на приоритети
Луѓето имаат различни приоритети. Ова не е причина за прекин на врската, но дефинитивно ви треба некое време да ги поставите приоритетите во вашиот живот.
7 Сознание дали навистина станува збор за љубаов
Ако не сте сосема сигурни дали го сакате партнерот, тогаш прекинувањето на врската е добар потег. Одалеченоста може да направи вашето срце повторно да заигра и така повторно да согледате дали чувствата се уште постојат.