7 причини да патувате низ светот

popara26 септември, 20111min00
svet

Уморни сте и преку глава ви е од вообичаените одмори? Сакате да искусите едно епско патување наместо досадните одмори на најблиските дестинации?

  1. Досадна година

Завршивте на време со испитите и сега е време светот да ве научи на практично искуство. Можеби тоа ќе биде годината која ќе си ја посветите само на себе. Волонтирајте на некое оддалечено егзотично место или работете на тропска плажа која ќе ви понуди незаборавни доживувања.

Авантуристите најчесто се одлучуваат за Африка.

  1. Раскинавте долга врска

Наместо да седите со скршено срце, патот под нозе и одете најдалеку што можете. Искористете ја оваа прилика да запознаете некој нов (па, и да му испратите разгледница на бившиот). Филмот или книгата „Eat, Pray, Love“ е само уште еден доказ дека Хавиер Барден ве чека таму некаде далеку.

Париз е идеално место за да доживеете романса додека патувате.

  1. Криза во средовечни години

Нема подобар начин да ја дознаете смислата на вашиот живот отколку да отпатувате далеку во некоја непозната култура. Запознајте луѓе кои ќе ве натераат да се преиспитате себе и своите верувања. Патувањето ќе ви покаже што навистина е важно во животот.

Пробајте со некоја авантура во будистичка Азија.

  1. Останавте без работа

Во случај да не сте слушнале, невработен е најнова професија. Побарајте место кое има најмногу да ви понуди за парите кои ви преостанаа. Ако среќата ви се насмевне, ќе си најдете работа како консултант на некој богаташ од луксузните јахти.

Нека тоа биде подалеку од канцеларијата – пустинскиот дел на Мадагаскар или племенските населби во Нова Гвинеја.

  1. Пензионирање

Цел живот работевте и се грижевте за семејството – време е да се одморите од сè. Надокнадете го она што сте го пропуштиле.

Добро е да отидете во Бали или во најмала рака да ги видите барем Бахамите.

  1. Сочувство

Било да се работи за поплава во Бразил или економска криза, овие катастрофи се ужасни, а можеби и вие некогаш сте биле во истата каша. Слободно волонтирајте. Во тешки ситуации најдобро се запознава вистинскиот дух на еден народ.

Волонтирајте во некоја од невладините организации.

  1. Едноставно затоа

А дали воопшто ви треба некаква причина за да го пропатувате светот? Можеби од секогаш сте имале желба да го видите Хонг Конг или Полинезија. Во едно сум сигурна, никогаш нема да зажалите што сте резервирале карта за пат околу светот. Бегството од секојдневието е секогаш добредојдено.

Завртете го глобусот и ставете го прстот! Каде одите?

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag