7 причини зошто диетите се забавни

popara23 јули, 20111min00
soveti za slabeenje

Диетата не мора да биде мака, всушност, постојат многу начини да биде забавна. Кога ќе го прочитате ова, сигурно броењето на калории ќе ви стане лесна работа. Што е она што ја прави диетата забавна?

Нова облека

На врвот на листата е фактот дека намалувањето на килограмите значи дека можете да се вовлечете и во старите фармерки. Ако можете да си дозволите, купувањето на нова облека со сигурност нема лошо да ви дојде.

Повеќе енергија

Губење на тежината или само преминување на здрава исхрана значи повеќе енергија. Повеќе нема да се оптегнувате пред телевизорот после работа и да чекате да дојде време за да си легнете. Нема да ви биде тешко да ја средите куќата, да зготвите некој лесен оброк, да прошетате низ парк, да се видите со пријателите…

Вкусна храна

Кога еднаш ќе почнете да се храните здраво, брзата храна ќе го изгуби вкусот. Во однос на свежо овошје и зеленчук, хамбургерот создава камен во желудникот поради кој водата во устата брзо ќе ви се суши. Освен тоа, поради диетата ќе пробате некои нови намирници кои претходно сте ги немале на вашата трпеза.

Средби со пријателите

Со диетите обично оди и спорт, а како подобро да го поминете секој втор ден со пријателите, ако не со заедничко тренирање?

Нови додворувачи

Ќе забележите многу нови додворувачи. Комплименти, погледи, свиркање кога одите по улица, пристапување… Зар ви треба подобра мотивација? А најдобро е кога ќе налетате на некоја фуфа на која сте и завидувале за линијата или ве озборувала дека изгледате како трокрилен орман. Ниско, но многу забавно!

Повеќе уживање

Зголеменото верување во своето тело ќе направи повеќе да уживате во кревет. Научно проверено!

Бикини

Среќата при изборот на убав дводелен костим за капење е неизмерна. Особено кога после многу години во едноделен костим, ќе ви даваат комплименти како изгледате совршено во новите бикини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag