Дознајте кои 8 намирници ги сака нашето тело, но во себе кријат повеќе калории отколку што мислиме.
1. Суши
Иако оригиналното суши е деликатес кој содржи многу малку калории, денес постојат многу различни рецепти за подготовка на вкусни ролни кои содржат сирење, мајонез и путер, поради кои сушите може да достигнат повеќе од 500 калории.
2. Суво овошје
Сувото овошје е многу здраво, но поради дехидратацијата како што се добива, тоа е многу погусто и на тој начин содржи многу калории. Ако сакате овошје, подобро изберете свежо. На пример, шолја свежо грозјесодржи 60 калории, а пак сушеното во иста количина содржи дури 450 калории.
3. Мусли со додатоци
Вкусните мусли со додатоци како чоколадо, мед, бадеми или јогурт, за разлика од оние обичните, се претрупани со шеќер и маснотии, а чаша со такви житарки со млеко содржи 500 калории.
4. Колачи од трици
Овој десерт е многу популарен бидејќи е поздрав од обичните колачи, посебно бидејќи се комбинира со овошје како банани, сливи или јаболка. Но проблемот не е во житариците и интегралното брашно, туку во путерот и шеќерот кои ги има во изобилство. 20 грама од овие колачи содржат 420 калории и 32 грама шеќер.
5. Кафе со млеко
Иако многумина мислат дека две до три шолји кафе со малку млеко на ден не се калорични, всушност тоа уживање може скапо да ве чини. Со две до три шолји на ден кафе со млеко, внесувате повеќе од 200 калории.
6. Ладен чај
Чајот подготвен дома, разладен и малку заблажен со шеќер или малку мед, е одличен избор поради кој вашиот организам ќе ви биде благодарен. Но купениот ладен чај е нешто сосема друго, бидејќи еден литар содржи голема количина шеќер, а неговата конзумација во организмот внесува 200 калории на ден.
7. Вегетаријански хамбургер
Иако со одбегнување на печено црвено месо одбегнувате и маснотии и холестерол, сепак, со зеленчукот подготве на ист начин, нема да одбегнете толку калории како што мислите. Замената месо со зеленчук многу често содржи сирење и други маснотии, па со порција вегетаријански хамбургер, можете да внесете повеќе од 1000 калории.
8. Џус
Купечкиот сок од портокал всушност е многу калоричен. Иако содржи овошје, во него се кријат бројни калории. Во половина литар сок од портокал се кријат 55 грама јаглени хидрати, што има еднаква вредност како пет парчиња леб.