Вчера некаде околу единасет часот претпладне, Риси џогирала во Санта Моника. Несреќата се случила кога Риси сакала да ја премине улицата. Во тој момент налетал еден автомобил управуван од бабичка која не успеала да го запре.
За среќа таа не возела брзо, па од ударот Риси се здобила само со полесни повреди. Веднаш по ударот била однесена во болница, а нешто подоцна била пуштена.
Бабата заработила прекршочна пријава заради предизвикување на сообраќајна несреќа.