Аца Лукас не беше во можност да ги забавува фановите во Цирих, бидејќи швајцарските власти не им дозволиле да ја поминат границата.
Проблемот настанал, бидејќи во Швајцарија стапи нов закон на сила, за поседување на работни дозволи.
Менаџерот на Аца Лукас, Томас Жугиќ ги потврдува овие наоди, велејќи дека во овие моменти тој бил со Аца.
-Бевме вратени назад, Аца, бендот и јас, кога не известија дека законот се сменил и дека сега ни се потребни работни визи, кои беа укинати. Никој од нас не знаеше дека овој нов закон стапил на сила, бидејќи по укинувањето на шенген визата се работеше брз основа на договор, изјавува Жугиќ.