Аца Лукас одлучил да води здрав живот и престанал да конзумира шеќер, сол, брашно и маст, пишува Курир.рс.
Блиски извори на Курир тврдат дека Лукас целосно го променил начинот на исхрана, па дури и почнал да тренира!
Станува рано, се храни според препораките на нутриционистите, кои специјално биле ангажирани да му направат мени според неговите потреби. Аца оди во теретана, но во последно време може да се види како џогира покрај реката, пишува Курир.рс.
Фолкерот, наводно, одлучил да се дисциплинира поради неговите два престојни концерти на 3-ти и 5-ти ноември, но како што велат неговите блиски соработници, тој толку многу се навлекол на здравиот живот, што и после концертите ќе продолжел да го практикува.
Времето ќе покаже….