Адел е дел од следниот филм Џејмс Бонд. Шармантната пејачка за кратко време го освои светот со својот прекрасен глас, но и талентот за создавање музика.
Таа во своето гостување на едно телевизиско шоу изјавила дека се враќа во студио, каде ќе треба да ја направи темата за новиот Џејмс Бонд. Од своите фанови побара да и пуштат среќа бидејќи станува збор за доста сериозен проект. Со оглед на нејзиниот талент, воопшто не се сомневаме во квалитетот на песната.