Адел многу брзо стекна фанови насекаде во светот, но неодамна ја откажа концертната турнеа поради болест.
23 годишната пеачка мораше да ги откаже двата концерти во Велика Британија, заради тоа што докторот ја советувал да оздрави па потоа да ги одржи концертите. Картите биле распродадени, па таа на обожавателите им се извини на својата службена страна.
– Тажна сум што морам да ви кажам дека ќе го откажеме концертот, но сум присилена заради болеста. Докторите бараат да се излечам целосно, пред да продолжам со турнеата. Се извинувам за непријатностите што ги создадов, изјави пеачката.
И сама на Твитер покажа колку и е жал, со тоа што објави нејзина фотографија со тажен израс на лицето.