Адел никако да ги остави цигарите!? Штета за нејзиниот убав глас!

popara8 декември, 20111min00
adele_1

Адел во текот на своите турнеи задолжително во листата на потребни работи кои треба да ги обезбеди организаторот, ги става цигарите и пивото кое мора да биде од европски производител.

Пеачката е позната по тоа што е зависна од цигари и покрај фактот што била болна од ларингитис и и било препорачано да ги остави цигарите засекогаш. Дури ни апелот на Бој Џорџ преку медиумите во кој тој ја моли да престане да пуши и да го сочува преубавиот глас не даде резултат.

Освен алкохол и цигари, Адел  во гардеробата и во автобусот за турнеи секогаш мора да има и одредена храна. Во гардеробата мора да има мали сендвичи во кои не смее да има домати, чили или аргуми, мора да има овошје како банани , јаболки ама никако цитрони и портокали ,мед ама не од органско потекло , мастики, едно шише вино  а во автобусот  мора да има мали  чоколадца  (твикс ,марс или баунти)  , органско мусли и 6 мусли плочки  со житарки.

Адел има уште едно многу интересно правило поврзано за концертите. Секој што ќе добие бесплатна карта за нејзинот концерт,дали од спонзорот или од промоторите , на влезот мора да донира 20 долари во хуманитарни цели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma