Афера на работа? Спој на добро и корисно :)

popara10 октомври, 20111min00
02124652

Аферите на работното место се нешто слично како производите 2 во 1 – спој на пријатното и корисното, кое и во најстресните денови ќе ве опушти. Но дали е паметно да го направите и да се впуштите во вакво задоволство?

Крајот на летото и повторното враќање на работното место  е нешто што никој не го посакува. Но, една добра работа во завршувањето на летото е и враќањето кај драгите лица кои не сме ги виделе. А особено е интересно да се слушаат нивните авантури за време на летото и настани. Вака започнува приказната на една девојка која сака да открие дали  навистина љубовта и работата може да одат заедно.

Кога девојката се вратила во Загреб заминала на пијачка со нејзиниот пријател М.. последен пат кога тие се виделе тој и зборувал за успешната врска и секс афера која ја започнал со своја колешка, поточно со неговата шефица. Нивната афера не завршила само со една вечер во иста соба. Тие почнале да се гледаат два до три пати неделно, а некогаш паузите за ручек ги користеле за поинакви активности.

Неговото позитивно размислување за оваа афера поттикнало многу прашања кај девојката која ја раскажува оваа приказна. Аферата со колега на работа е доста практично нешто. Секое доаѓање на работа се претвара во заводлива работна атмосфера. Секојдневните флертови и погледи го разубавуваат напнатиот ден на работа. На таа личност немора да и раскажуваш за ситуациите на работа кои се случуваат.

Девојката со интерес го прашала својот пријател М. за развојот на неговата врска со шефицата. Било доволен само еден поглед, за таа да разбере дека нештата не се одвиваат како што треба. Поточно, неговата шефица по враќањето од летниот одмор, покрај искончаниот тен со себе донела и нов дечко, во кого наводно многу се заљубила. М не бил одобено погоден од тоа, се додека неговата шефица не почнала чекор по чекор да му го загорчува животот. Потешки работни задачи, обвинувања, работење до доцна, ладен став, решителност во се, како да сака на секого, особено нему да му покаже дека воопшто не и е битно што се случувало меѓу нив. Од нејзин миленик М се претворил во нејзин трут кој треба напорно да работи за својата матица. „Повеќе на работа немам задовослтво, ниту сексуално, ниту професионално“, прокоментирал тој.

Аферите на работното место создаваат компликации?

Тоа со кои колеги. Девојката, поучена од приказната на нејзиниот пријател, пред се на листата дефинитивно ги брише шефовите. Секој оној кој е надреден во своите раце има и повеќе моќ. Но тоа остава цела палета на мажи во работните простории, а секој пат таа кога ќе види некој згоден колега се присетува на приказната на М. па не би решила да воспостави други односи со колегите освен професионални.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma