Како што пренесуваат медиумите на островот, најдобриот тенисер на В. Британија, Енди Мареј ќе биде кум на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Свадбата е закажана за октомври на Косово.
Мареj и Ѓоковиќ се сретнале уште како деца на 12-годишна возраст и често играле на јуниорските турнири едни против друг, но истовремено меѓу нив почнало да се развива пријателство, денес тие се големи пријатели и другари.
“Реалност е дека можеме да бидеме пријатели, додека истовремено и се бориме на терените, стремејќи се да ја промениме тениската историја. Но, еден ден кога ќе се повлечеме од активното играње, ќе си седнеме заедно на едно “пивце” во кругот на нашите семејства и ќе се присетиме на се што сме поминале во животот “, изјавил Ѓоковиќ.