Ајдеее, почнаа и луксузни куќи да купуваат за своите миленици!!!

popara8 септември, 20111min00
petra-ecclestone-house

Иако првично изјави дека ја купила куќата вредна 52 милиони фунти за да си го олесни својот живот бидејќи постојано е на пат, Петра Еклстоун сепак ја откри вистинската причина за купувањето на овој замок – сакала нејзините миленици да имаат поголем простор за уживање.

Богатата наследничка откри дека ја купила оваа мега куќа во Лос Анџелес, Калифорнија, која располага со 14 спални соби, првенствено за да им обезбеди поголем комодитет на своите 5 кучиња.

Иако веќе поседува куќа на 6 спрата вредна 56 милиони фунти во Челзи, Петра смета дека заслужува повеќе простор во животот. Сега кога нејзините миленици имаат дом на двете страни на Атлантикот, Петра може да се престане да се грижи за тоа дали ќе имаат доволно простор за уживање.

Новостекнатиот имот на размазената богаташка се простира на 57 000 м2, се вика The Manor и го изградил познатиот продуцент Арон Спелинг. Имотот се наоѓа во ексклузивниот кварт Холмби Хилс и располага со две огромни градини, базен и затворен фитнес центар.

Петра во мометот ужива во првиот месец од нејзиниот брак со сопругот Џејмс, но и со своите пет ротфајлери и булдози. Дека семејството Еклстоун е љубител на кучиња покажува и фактот дека помалата сестра на Петра, Тамара, потроши неверојатни 10 милиони фунти за изградба на спа центар за кучиња во својот дом. Ех, колку било убаво да си нивен миленик…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag