Жителите во близина на туристичкиот град Тоскана, забележале како во близина на нивните имоти се помалку ги посетуваат диви свињи и други животни кои порано не биле чести гости.
Но набргу и дознале зошто. Шумарите откриле и успеале да фотографираат Црн Пантер, изјавиле официјални лица.
Еден од жителите на гратчето Маса Маритима изјавил за Ла Република дека пред некој ден видел Црн Пантер како спие на дрво во неговиот двор.
Подоцна, се јавиле и други сведоци кои виделе голема црна мачка.
Членовите на локалното ловечко друштво го заградиле местото и поставиле стапици и најавиле 24-часовен лов на несаканиот гостин.