Ако мажите мислат на секс, жените мислат на храна!!!

popara2 октомври, 20111min00
misli

Според последните истражувања, жените повеќе се посветуваат на диети отколку на љубов, односно повеќе мислат на храна отколку на секс. Дури 10% од учесничките во истражувањето изјавиле дека се чувствуваат повеќе виновни доколку ја прекршат нивната диета отколку доколку го изневерат својот партнер!

Жените се постојано опседнати со достигнување на „совршеното тело“, а голем број од нив поминуваат низ макотрпни искуства за да ослабнат.

Истражувањето кое го спровела компанијата Аткинс покажало дека повеќе од една третина од испитаничките повеќе се грижат за нивниот изглед отколку за нивниот љубовен живот, а дури 54% одговориле дека почесто мислат на храна отколку на секс.

За разлика од нив, мажите мислат на секс минимум 20 пати дневно, а многу помалку се грижат за нивниот надворешен изглед. Па изгледа дека секој има свои приоритети!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma