Ал Каеда во јавноста објавила снимка по повод 11 септември, во која вклучува и порака на убиениот лидер Осама бин Ладен, јавува мониторинг групата SITE. Се работи за снимка долга 62 минути наречена “Се буди зората на нашата победа”, во која, покрај Бин Ладен се појавил и новиот лидер на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири.
На снимката, Бин Ладен ги предупредил Американците дека тие ќе “паднат како робови” под контрола на големите корпорации и на еврејските пари. Ги советувал да ја прочитаат книга напишана од Боб Вудворд, “Војната на Обама” и дека слоганот од претседателската кампања на Обама “Да, вистина е” е голема лага.
Наследникот на Бин Ладен, Ајман ал-Завахири, кој е сега е еден од најбараните терористи во светот, во видеото зборува за настаните од минатото, арапската револуција на смртта на Бин Ладен. За Бин Ладен изјавил дека е маченик и борец кој жртвувал се за неговата кампања.
“Со одобрение од Алах, Американците ќе паднат и ќе бидат поразени поради нивната ароганција, ја пренесува SITE, изјавата на Ајман ал-Завахири.