Прво жариште е северно Косово. Тоа е блокирано со барикади, а онаму каде што постојат барикади, тоа значи дека таму се подготвува војна.
Директорот на албанскиот институт за регионални прогнози и предвидувања, Кочо Данај, инаку и основач на движењето „Природна Албанија“, тврди дека можено е да избие трета балканска војна, со жаришта во Северно Косово, во Македонија, Грција и БИХ.
„Првото жариште е сверниот дел од Косово. Тоа е блокирано со барикади, а таму каде што постојат барикади, се подготвува војна. Сите тоа го знаат, но упорно го велат спротивното, со исклучок на тајните служби. Албанците кои не биле организирани за време на војната ќе излезат како губитници, како во бројто на луѓе, така и територијално. Брисел ќе се согласи со ваков крај. Зошто? Затоа што тајните служби на Брисел, многу подобро знаат од мене, што може да се случи на места каде се поставуваат барикади, а и покрај тоа, Брисел ја награди Србија, доделувајќи и кандидатски статус за ЕУ“, истакнал Данај.
Албанскиот аналитичар смета дека следното жариште ќе биде Македонија со Грција.
„Грција е спремна да ја извезе својата криза надвор од грчка територија, односно во Албанија и Македонија. Во Македонија, еден ден премиерот Никола Груевски ќе организира попис на граѓаните и ќе го „искриви“ бројот на Албанците во земјата. Тоа го ставил на знаење кога изјавил дека поранешниот премиер Бранко Црвенковски попишал 120.000 Албанци повеќе, што значи дека тој сега ќе мора да попише 120.000 помалку“, изјавил Данај во интервју за агенцијата INA, а која го пренесува македонскиот весник „Дневник“.
Во својата анализа како четврто жариште ја навел Босна И херцеговина, со конфликти и поделби.
Данај е основач на движењето „Природна Албанија“, а бил советник во социјалистичката влада на Фатос Нано. Тој минатата година ја промивирал идејата за обединета природна Албанија во 2013 година. Неговата платформа предвидува значително поголема територија, која ќе биде реализирана во седум фази, покрај Косово и Албанија, ќе ја зафати и западна Македонија, грчката област Чемерија, српската Прешевска долина и дел од Црна Гора.