Александриска Библиотека

popara13 декември, 20113min00
21

Некогаш најголемата библиотека во светот, Кралската библиотека на Александрија, Египет имала околу 700,000 книги. Се верува дека библиотеката била основана во почетокот на третиот век п.н.е, за време на владеењето на Птолеми Втори. Таткото на Птоломи го имал изградено првиот дел од комплексот на библиотеката, храмот на Музите, наречен  Musaion, од каде што дошол и денешниот термин  музеј.

Докажано е дека библиотеката била уништена во пожар, но деталите за уништувањето остануваат извор на контроверзии. Загубата на библиотеката е една од најголемите загуби на човештвото, бидејќи во неа ја имало историјата на генерации и држави, а не само на Египет.

Во библиотеката имало околу пет илјади томови на папирусни ролни напишани на рака. Филозофи и учени луѓе од сите страни на светот, ја посетувале библиотеката за да учат и за да ја дополнат нејзината голема колекција. Се вели дека Архимед ја посетил Алкександрија еднаш и дека останал да учи во неа со часови. Многу често научниците ги препишувале старите ролни на папирус коишто биле избледени низ годините.

Она што е важно за Александрија е дека во потрага по знаење во неа се собирала целата учена заедница. Бидејќи секоја добра библиотека живее преку својата заедница на философи и учени луѓе, Александрија здомила околу стотици учени луѓе коишто живееле таму за да го истражуваат минатото и да ги откриваат тајните на природата, и илјадници други коишто секојдневно ја посетувале за да го откријат она што многу луѓе пред нив го запишале на папирусните ролни. Тоа била заедница на вистината составена од луѓе од сите етнички и религиозни групи коишто се зближиле преку дебатите за природата и историјата, при тоа поправајќи ги направените грешките и додавајќи детали.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma