Кеша (24) најави дека нејзиниот нов албум генерално ќе биде во рок стил, а за почеток одлучила да сними дует со легендарниот Алис Купер.
Дел од песната насловена „What Baby Wants“ веќе може да се најде и слушне на интернет, а инаку песната ќе се најде на новиот албум на Алис Купер со назив „Добредојдовте во мојот кошмар“.
Ова е дури 19-ти по ред самостоен албум на Алис Купер, а треба да излезе на 16 септември.
Инаку, неодамна Купер и се придружи на младата американска пејачка во Норвешка, со цел заедно да го изведат неговиот хит од 1972 година, „School’s Out“.
Алис Купер, 63-годишен музичар кој веќе неколку децении е на сцена воопшто не помислува да забави со темпото, туку веќе на есен тргнува на турнеа инспирирана од Ноќта на вештерките или попозната како „Halloween“.
Тука можете да слушнете дел од тоа како ќе изгледа заедничката соработка на Кеша и Купер:
http://www.youtube.com/watch?v=ZD0tdIh8frM&feature=player_embedded