Алиса Милано, 38 годишната актерка позната од хит серијата “Волшебнички”, го очекува своето прво дете. Таа и сопругот Дејв Буглиари, со кого е во брак од 2009 година се пресреќни што многу наскоро ќе го добијат првото дете. Инаку тие беа во врска три години пред да стапат во брак. Алиса досега никогаш не била дел од скандали и трачеви. Таа изјави дека тоа е благодарение на нејзините родители, кои ја научиле на вистинските вредности во животот.