Полицијата во американската држава Арканзас е во потрага по маж, кој пресретнал неколку жени во очајнички обид да им ги цица ножните палци.
“Ние сакаме да го тргнеме од улица”, изјавила портпаролката на полицијата во градот Конвеј.
Неименуван маж минатата недела и се приближил на 83 годишната Рут Харис, кој седела на прагот пред нејзината куќа, и и кажал дека многу му се допаѓаат нејзините стопала, а потоа и го соблекол чевелот и почнал да и го цица палецот, соопштила полицијата.
“Човекот потоа ја прашал жената дали може да ја бакне, на што таа му одоговрила дека е луд”, се вели во извештајот. Човекот потоа си заминал.
Полицијата неколку дена подоцна добила нова пријава од жена кој се пожалила дека додека купувала и пришол човек кој и кажал дека нејзините палци се “толку долги и свежи”, и дека тој сака да ги цица. Но кога на жената и заѕвонил мобилниот телефон, човекот се повлекол.
Ова не е прв пат градот Конвеj да има проблеми од ваков тип. Во текот на 90-тите години, исто така имало случај на човек кој бил фасциниран од женските ножни палци. Тој во 1991 година бил обвинет за закана на жена на која и рекол дека ќе и ги цица палците се додека не и искрварат. Подоцна бил осуден на четири години затвор.