Anantara Luxury Villas

popara30 ноември, 20114min00
o

Некој можеби ќе се задоволи со престој во едноставна вила на Индискиот Океан која се наоѓа на плажа покрај мирна сина вода. Но, хотелот Anantara Luxury Villas има да понуди многу повеќе од тоа. Луксузните вили лежат во прегратките една затскриена лагуна, каде посетителите можат да се сончаат, да прават долги прошетки по плажата и да бидат сведоци на идилични зајдисонца. Сите апартмани имаат сопствен базен и се нарекуваат „светилишта во светилиштето“ бидејќи се отвораат кон тропската природа и се направени со високи тавани, дрвени ентериери и мермерни подови.

Надвор од прекрасните апартмани се наоѓа подводен ресторан и винарска визба наречени „Sea.Fire. Salt.Sky“ (Море.Оган.Сол.Небо).  Морето, огнот и солта ја означуваат подводната сценографија на ресторанот во која посетителите уживаат додека се гостат со храна подготвена  на Хималајски блок од сол и театрални готвачки техники на оган. Небото пак се однесува на пејзажот кон Атолот Баа кој е видлив од покривот на ресторанскиот бар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag