Данскиот производител на долна облека “, Hema” направиле многу необична кампања во која маж рекламира женски градници.
За да ја промовира својата нова линија на “push up” градници, “Hema” го има ангажирано австралискиот манекен со српско потекло Андреја Пејиќ како ѕвезда на нивната кампања.
“Со овој модел не само што жените можат да си ги зголемат своите гради за два броја, туку и мажите може да си добијат деколте”, гласи во пораката.
Очигледно, во тоа и се крие тајната порака со ангажирање на машки модел за строго женски производ.
Моментално еден од најпопуларните машки модели на светот, 20-годишниот Андреј Пејиќ често позира во женска облека. Неодамна тој се појави на едно шоу облечен во венчаница.