Анџелина Џоли: “Мојот филм ќе биде прикажан на оригиналниот јазик“

popara27 ноември, 20111min00
Angelina Jolie talks about her new movie, 'Salt', at Comic Con in San Diego, CA

Познатата актерка и новопечената режисерка, 36-годишната Анџелина Џоли, за своето режисерско деби “Во земјата на крв и мед”, сними две верзии – едната на англиски јазик, другата верзија на босански јазик, а дистрибутерите одлучија да го прикажат на босанско – хрватски – српски со англиски превод.

“Среќна сум и почестен што филмот во Америка ќе се прикажува на оригиналниот јазик, па публиката во целост ќе може да доживее како се зборува на Балканот“, изјави Анџелина.

Да се потсетиме, дека приказната во нејзиниот филм е за забранетата љубов помеѓу српски војник Даниел и босанката Ајла, која за време на војната ќе заврши во српски логор, а нејзината љубов ќе се обиде ја спаси.

Еден дел од филмот беше снимен во Будимпешта, а друг дел во Сараево. Во филмот глумат познатите глумци Бранко Џуриќ, Раде Шербеџија како и Јелена Јованова.

Премиерата на филмот во САД е закажана за 23 декември, но беше критикувана бидејќи станува збор за филм со премногу тешка тематика за време на божиќните празници.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=wDBU8CqU0dg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag