Популарната холивудска актерка, наводно воочила дека Цеца е најпопуларната пејачка на балканските простори, а како што пишува Ало, таа би сакала да ја глуми токму неа, а воедно и да го режира филмот за нејзиниот живот.
Според тврдењата на еден од членовите на тимот кој учествувал во првиот филм на Џоли кој се снимаше во Босна, на актерката големо внимание и привлекло животот и судбината на вдовицата на Жељко Ражнњатовиќ Аркан.
За Анџелина било доста интересно што Цеца е популарна во сите балкански земји, особено во Хрватска, Босна, иако нејзиниот сопруг војувал против нив, изјавил изворот кој наводно неколку пати разговарал со Џоли на оваа тема.
Тој додал и дека Анџелина додека била во Босна ги слушала песните на Цеца и ги гледала нејзините видео спотови.
Цеца не сакала да ги коментира овие информации дека Анџелина сака да ја глуми токму неа во филмот за нејзиниот живот.