Џенифер Анистон ужива со својот дечко Џастин Терокс. Глумицата завчера е видена со дечкото во ресторан во Њу Јорк. Откако мајка и заврши во болница заради мозочен удар, а Бред Пит го плукаше нивниот брак, говорејќи дека му било досадно, на Анистон и требаше мажот со кој во последно време го поминува сето слободно време. Џастин ја расположи, а од ресторанот излегоа држејќи се за рака. Неодамна Бред изјави дека Џастин не му се допаѓа, и мисли дека не е добар за Џенифер.
Можеби ова навистина е вистинскиот маж за Анистон, и покрај тоа што многумина немаа убава прогноза за нивната врска.