Компанијата “Apple” соопшти дека ќе се откаже од намерата да го заштити зборот “pod” за кој неколку години тврдеше дека претставува нивен бренд. Иако Apple iPod е заштитен како производ и како бренд, компанијата сметаше дека правата се оденсуваат и на употребата на зборот “pod”. Иато така, Apple во предхнодите години тужеше неколку компании и веб локации кои го користеле спорниот збор. На пример, во септември минатата година компанијата Apple поднесе тужба против компанија Sector Labs, тврдејќи дека британската компанија таа во името на еден од своите производи го злопупотребила зборот “pod”. Стануваше збор за проектот под име Video Pod, а според тврдењата на Apple, зборот можел да ги збуни потенцијалните купувачи и да и наведе на мислење дека тој производ има врска со нивниот iPod. Покрај оваа компанија, Apple во изминатите години ги тужеше и MyPodder, TightPod, PodShow, Podium, iPodLounge и други поради злоупотреба на зборот “pod”.