Apple тоне два месеци по смртта на Џобс

popara14 декември, 20111min00
0457007.42

Работите во Кјупертин, Калифорнија, каде е сместено седиштето на компанијата, не одат баш добро, тврдат аналитичарите на компанијата за истражување на пазарот Canaccord Genuity.

Пазарните удели на iPhone и iPad засега се во опаѓање, а „лукавите” планови дека со помошта на тужбата за кршење на патентните права продажбата ќе се врати на истото ниво, не се остварија.

Како што пишува Chosun, американската компанија за истражување на пазарот Canaccord Genuity неодамна објавила дека предвидува дека уделот на Apple на американскиот пазар на таблет компјутери ќе се намали од 74 проценти во третото тромесечие, на 53,2 проценти во четвртото.

Иронично, али новиот убиец на Apple, не е Samsung Galaxy Tablet, кој веќе некое време е опсесија на правниците на Apple кои се задолжени за заштита на интелектуалното сопствеништво на компанијата, туку Kindle Fire кој има цена од само 199 долари.

Аналитичарите сметаат дека Kindle Fire ќе зграби за себе околу 20 проценти од пазарот за само месец ипол дена откако беше претставен на 15 октомври.

И покрај се, Apple и понатаму е силна и здрава компанија. И понатаму произведува одличен софтвер и нуди одлична содржина. App Store кој е отворен во 2008, имаше 10 милијарди downloads во јануари оваа година, а достигна 18 милијарди downloads за само десет месеци подоцна, што на јасен начин покажува колку оваа компанија им е важна на корисниците на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma