Арета Френклин сака Хали Бери да ја глуми во нејзиниот филм

16 јануари, 20110
Rock-Roll-064-Aretha-Franklin

Еден месец по операцијата на тумор на панкреасот, 68 годишната дива Арета Френклин вели дека се чувствува многу добро, иако таа ќе помине барем уште две недели на домашна нега, додека не се опорави до степен кога ќе може повторно да излегува во јавност. Моето здравје е одлично. Сепак, ќе мора уште неколку недели да поминат за да можам да излезам надвор. Лекарите ми рекоа дека можам да правам што ми доаѓа на ум. Се разбира, ова незначи дека може да држам концерти, но може да се справам со мали задолженија. Убаво е што можам да седнам повторно, изјави Арета. Сепак, легендарната пејачка неможе да седи мирна, бидејќи таа ја прати официјалната изјава во која се наведува дека следната недела ќе ги разгледува сценаријата кои досега се примени за адаптација на нејзината автобиографија ” Арета: Од овие корени”, и открива кои актери таа ги избра за да се појават во филмот. На прво место беше именувана оскаровката Хали Бери. Улогата на татко и, била доделена на уште еден оскаровец, Дензел Вашингтон, додека пак нејзиниот колега од родниот град Детроит, исто така легенда на соул музиката, Смок Робинсон, треба да го одигра талентираниот актер и музичар Теренс Хауард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi