Навистина Базаруто е еден од најубавите архипелази во Индискиот океан и се состои од 6 мали острови. Островите се покриени со големи песочни дини и езера, каде живее убавото црно фламинго. Сите острови се познати по своите неверојатни плажи со фин бел песок, ослепително убави корални брегови и чистите океански води. Во 1971 година местово станува национален парк, со што е заштитено како девствен рај од големиот наплив на хотелиери и туристи.