Веста дека Шварценегер има вонбрачно дете ја потресе целата јавност, а тоа предизвика хаос во животот на неговото семејство, на куќната помошничка со која го има детето и на многу други.
Имено, поранешниот сопруг на куќната помошничка, сè до сега мислел дека тој е татко на синот. Оваа вест го уништила неговиот живот. Тој дал изјава за еден магазин во кој вели: Цел живот мислев дека јас сум татко на синот, а освен тоа Шварценегер беше мојот херој, сега се чувствувам предадено.