
Иако свињите не се познати по брзина и издржливост, жителите на Микаме, Јапонија, сметаат дека овие животни се одлични за јавање и родео шоу.
Миаме е град во Јапонија кој се наоѓа во областа позната по производството на свинско месо. Пред околу 25 години жителите на овој град дошле до уникатна и интересна идеја – да организираат родео со свињи.

Како дел од летниот фестивал Сеиџо Сити Микаме, овој откачен настан стана популарна туристичка атракција, која најмногу се прослави преку YouTube видео постирано во 2009 година.
Јавачите на свињи носат кациги и штитници и се натпреваруваат кој подолго ќе издржи да ја јава свињата, исто како и во обичното родео. Но ова не е толку лесно колку што звучи, а повеќето победници на родеото со свињи успеваат да се задржат помалу од 5 секунди. За победникот следува награда од 50.000 јени.