Најмалку три лица загинале, а 56 се повредени откако воен авион од Втората Светска Војна се срушил меѓу посетители во Невада, САД. Меѓу загинатите е и пилот на авионот. Авионот се урнал за време на трка со други авиони, известува Sky. По несреќата, аеромитинг бил откажан, а денес е најавена комеморацијата за загинатиот пилот, кој бил идентификуван како Џими Ливард.
Некои од присутните изјавиле дека пилотот е, всушност, херој, бидејќи тој направил се што е во негова моќ за да се избегне уште поголема трагедија. При падот тој успеал да избегне голема толпа луѓе. Сведоците велат дека се спасени најмалку 300 луѓе.
Локалните власти објавиле дека 15 лица се во критична состојба. Причината за несреќата била очигледно механички дефект, а полицијата се уште го истражува случајот.
http://www.youtube.com/watch?v=SIh8cfQu4oM&feature=player_embedded