Авионот Ербас А330 се срушил за 3,5 минути откако му откажал сензорот за брзина

slobodan29 мај, 20111min00
r382502_1783134

На авионот на компанијата “Ерфранс“ што во 2009 година се сруши во Атлантикот му откажал сензорот за брзина, по што во рок од три и пол минути паднал во океанот, соопштиле француските истражители.

Тие додаваат дека пилотите виделе различни брзини на екраните само една минута пред да се урне авионот. Драмата во Ербасот, наводно настанала кога капетанот отишол да се одмори, а во кабината останале само копилотите, стои во соопштението.

“Каков и да бил проблемот, на авионот му откажал сензорот за брзина. Пилотите ништо не можеле да направат. Авионот, буквално паднал од небото во океанот за секунда“, рекол Ричард Квест, експерт за воздухоплоство.

Во несреќата на авионот Ербас А330, што на 1. Јуни во 2009 година леташе од Рио де Жанеиро за Париз, загинаа 228 лица. Загинаа патници од 30 земји, најмногу од Германија, Бразил и Франција.

Неодамна беше пронајдена црната кутија, а извлечени беа и две тела.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma