Авокадото е богат извор на минерали, железо, калиум, калциум, натриум, магнезиум и др. Витамини А, Е, Д, и ненаситени масни киселини. Проникнува длабоко во слоевите на епидермисот и придава еластичност дури на најсувата и оштетена кожа.
Маска за лице од авокадо
За приготвување на оваа маска ни е потребно половина авокадо, добро омекнато, две супени лажици топла вода и една чаена лажичка мед. Измелете го авокадото со миксер или блендер, растворете го медот во топлата вода и додадете ги во веќе смелената паста од авокадо. Оваа маска се смета за една од најделотворните природни маски.
Маска за лице со авокадо и банана
За оваа маска ви се потребни половина авокадо добро омекнато, половина банана и една жолчка од јајце. Сите тие се мелат со миксер или блендер. И двете маски се оставаат да отстојат на лицето 15 – 20 минути. Резултатите се навистина восхитувачки.