Аврил Лавин помина цел викенд на крстарење на Француската Ривиера и тоа со нејзиниот бивш сопруг. Во текот на овој викенд, имаше моменти кога Аврил си поминуваше одлично со својата поранешна љубов Дерик Вибли, додека неговата сегашна љубовница Броди Џенер ја немаше никаде!
Аврил изгледаше дека лудо се забавува со сите присутни во „рајот„ овој викенд. Таа, Дерек и неколку нивни пријатели кој беа дојдени да уживаат викендот, се капеа, се сончаа и ручаа во луксузниот резорт Club 55. Можно е Броди да имала нешто однапред договорено па не успеала да им се придружи, но она што е сигурно – пропушти многу забава.
Avril и нејзиниот поранешен сопруг, започнаа врска во 2006, а се разведоа дури минатата година. 26-годишниот Дерек започна да се гледа со Броди во почетокот на 2010. Таа го истеторвира неговото име на своите гради а тој нејзиното, на својата рака. Се надеваме нема некаков проблем помеѓу овие двајца, во спротивно, некој ќе треба да закаже постапка за отстранување на тетоважа.