Азија во 2010 година прв пат имаше поголем број на милионери од Европа и брзо се доближува до бројот на прво пласираната Северна Америка, се соопштува во најновиот извештај на “World wealth report”.
Во извештајот се наведува дека во азиско пацифичкиот регион во 2010 година живееле 3,3 милиони луѓе со богатство поголемо од еден милион долари, не вклучувајќи ја вредноста на нивните домови, што е 10% повеќе од минатата година, пренесува АР. На прво место и понатаму е Северна Америка со 3,4 милиони богаташи. Европа имала 3,1 милион.
Многу веројатно е Азија во блиска иднина да ја надмине и Северна Америка по бројот на милионери.
Од вкупно 10,9 милиони богаташи во светот, повеќе од половина живеат во САД, Јапонија и Германија, а на четврто место е Кина со 535.000 милионери или 58.000 повеќе од 2009 година.