Баба Бетка реши: Кејт нема да се слика за Вог! :)

popara9 октомври, 20111min00
baba betka kejt

Британската кралица Елизабета не дозволува нејзината снаа Кејт Мидлтон да се слика за насловната страница на магазинот „Вог“, па Кејт морала да се откаже од својата намера.

Уредничката на магазинот Ана Винтур планирала да ја слика војвотката од Кембриџ за насловната страница на „Вог“ затоа што Кејт неодамна е прогласена за најдобро облечена жена во Велика Британија. Иако Кејт била поласкана од оваа идеа, на баба Бетка тоа не и се допаднало, па така сликањето било откажано.

„Секој магазин сака да ја фотографира Кејт, а јас мислев дека „Вог“ ќе биде првиот. Сепак, не сме сигурни дека тоа ќе се случи, бидејќи треба да добиеме одобрение од кралското семејство“, изјавила Ана Винтур.

Војвотката од Кембриџ несака да се експонира во медиумите како што тоа го правеле покојната Лејди Ди.

Кејт прави се само за да и удоволи кралицата Елизабета. Се претпоставува дека токму поради неа таа ја одбила оваа покана за Вог. На кралицата наводно не и се допаѓа што Вилијам и Кејт се популарни и медиумски експонирани, па смета дека треба да живеат малку поповлечено од сето тоа.

Па може баба Бетка е љубоморна на новата снаа, бидејќи нејзе никој не сака да ја слика…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma