Според полскиот амбасадор во Македонија Карол Бахура за неговата земја не е прашање дали туку кога Македонија ќе стане членка на Европската Унија.
“Во последниот извештај за напредокот на Македонија, јасно стои дека преговорите за членство може да почнат веднаш штом се постигне договор околу прашањето за името со Грција“, додаде Бахура.
Според амбасадорот прифатлив е секаков договор меѓу Скопје и Атина што ќе го постигнат двете страни и кој ќе биде во рамки на препораките на Обединетите нации.
“Трите клучни приоритети на полското претседателство со ЕУ што официјално почнува денеска и ќе трае следните шест месеци, се европските интеграции како извор за развојот, создавање безбедна и отворена Европа со силна поддршка за проширување кон Западен Балкан“, истакна Бахура.
Извор: Нетпресс