Бали

popara25 септември, 20112min00
3

Во Индискиот океан е сместен малечок, тропски остров кој воодушевува со природните убавини и човечките творби изградени во минатите векови, остров кој потполно се одбранил од модернизацијата и глобализацијата и на кој се уште се живее по правила кои со децении не се изменети.

Топла и влажна клима

Авионското патување од Белград, преку Франкфурт и Сингапур до Бали и неговиот аеродром на југот на островот трае и повеќе од 24 часа. Првите впечатоци навираат уште на слетувањето на “Ngurah Rai”, аеродром чија писта навлегува длабоко во кристално синото море. Надворешната температура, и кога е 28 степени, се чини многу повисока поради големата влажност.

Балинежаните, кои ги има околу 4 милиони, се исклучително љубезни и не приредуваат никакви непријатности. Персоналот во хотелите ќе ви биде на услуга 24 часа дневно. Секогаш се насмеани, а на крајот на разговорот се поклонуваат со склопени раце, како да се молат. Покрај тоа, персоналот во хотелите обично носи униформа во живи бои, која завршува како здолниште и кај мажите и кај жените. Англиски зборуваат совршено.

 

Посветени будисти

Иако БАЛИ е дел од Индонезија, најголемата муслиманска држава на светот (околу 20 милиони муслимани), сепак, Балинежаните се будистички определени. Многу се религиозни и секојдневниот живот им е исполнет со настани и активности во врска со регилијата. Уште од мали нозе, во родителскиот дом, учат 3 јазици: еден за меѓусебна комуникација, втор за разговор со свештените лица, а трет за контакт со природата и животните. Веруваат дека и предметите имаат душа, па во одредено време од годината, ги обгрнуваат со разнобојни шамии. Ова посебно важи за нивните „семејни храмови„, кои ги има секоја куќа. На Европјаните им личат на некакви споменици, направени од карактеристичен камен релјеф, на кои редовно оставаат дарови за нивниот Бог, во облик на цвеќе и храна со запалени миризливи стапчиња.

 

Туристите се богови

Хотелите на Бали како да се натпреваруваат кој од нив ќе биде поубав и полуксузен. Сите се огромни, преубаво уредени и секој од нив има огромен базен, опкружен со кокосови палми, стебла од банани, грмушки со разнобојни егзотични цвеќиња…Туристите тука се богови; на пример, без проблем можете да побарате ручекот да ви се сервира на работ на базенот и да уживате во него, не излегувајќи од водата.

Сите соби се климатизирани, а цените за двокреветна соба обично се движат од 40-60 евра ноќевање со појадок. Ниеден хотел не е со помалку од 4 ѕвезди.

Она што на посетителите може посебно да им се допадне е масажата која се нуди на секој чекор. Љубезни и доста наметливи девојки ќе се потрудат да ве масираат на плажа и за тоа ќе ви наплатат, за наши услови, симболична сума. Секако, во хотелите масажата е многу поскапа, но се разбира, и попрофесионална.

 

Вкусна и необична храна

Храната е многу вкусна и тешко е да не се ужива во неа. Пикантно е лута и се состои од ориз (задолжителен е) и зеленчук измешан со пилешко или телешко. Оброците се лесни и може да се консумираат во неограничени количини, без страв од холестерол. Цена на 1 просечен оброк е 3-5 евра по лице, а изборот на ресторани е голем.

 

На екскурзии задолжително со водич

Посебна приказна се туристичките тури кон внатрешноста на островот. Одберете една од бројните туристички агенции и патувајте со нивни мини-бусеви и задолжително во присуство на водич. Од пребогатата понуда на Бали може да се издвои посетата на храмот „ Tanah Lot„ кои се наоѓа на брегот на морето и кој датира уште од 16-ти век. Балинежаните веруваат дека оттаму се гледа најубавото заоѓање на сонцето од целиот остров. Оризовите полиња исто така се посебно убав призор на островот. Некои се сместени во рамница, а некои се скалести и сместени на ритчиња. Направени се во облик на тераси и се една од нај сликаните атракции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag