Канадскиот уметник Фан Јанг не прекинува да ја воодушевува публиката ширум светот со своите спектакуларни балони од сапуница. Во текот на претставата во Пекинг тој успеал да го собори Гинисовиот рекорд и во еден балон да стави 150 луѓе!
Во Пекинг „Шоуто со балони“, една од најгледаните претстави на Бровеј, предизвикува посебно интересирање.
Станува збор за мултимедијалниот проект на канадскиот уметник Фан Јанг, кој до границите на возможното го усовршил правењето на балони од сапуница.
Ласерските светла кои осветлуваат на сцената, звучните ефекти и 3-Д проекциите, овозможуваат единствено доживување, па за оваа претстава секогаш се бара карта повеќе.
Во текот на еден настап во емисијата на Опра Винфри, Фан направил огромен балон во кој успеале да влезат 100 луѓе.
Меѓутоа тој сепак не застанал на тој број и одлучил да во оквир на „Gazillion Bubble Show“ во Пекинг, на оние 100 луѓе да им додаде уште 50.
И успеал, рушејќи го притоа сопствениот Гинисов рекорд и во еден балон од сапуница со ширина од 2 метри, да внесе дури 150 луѓе.
httpv://www.youtube.com/watch?v=mjIRpBJy8uw