Бар Рафаел ужива на одмор во Италија, со нејзиниот нов дечко. Поранешната девојка на Леонардо Ди Каприо, Бар Рафаел и Дејвид Фишер се опуштија на хотелските лежалки и разменуваат нежности. Бар го привлекла вниманието на папараците, поради бикините кои постојано и се слизнувале од телото, но тоа не ја вознемирило воопшто.
Врската со Леонардо ја прекинаа на почетокот на мај и набрзо потоа го запозна Дејвид. Додека таа ужива во нова романса, нејзиниот поранешен дечко се забавува со новата избраничка Блејк Ливели, која е главната причина што Бар и Ди Каприо повеќе не се заедно.