Барак Обама на Google +

popara25 ноември, 20111min00
11111111111

Дебатата за тоа колку луѓе всушност го користат Google +, и дали оваа услуга некогаш ќе успее да го надмине Facebook и понатаму трае. Но, во меѓувреме на Google + му се придружи и уште еден истакнат корисник.

Профилот на Барак Обама, кој доби ознака „веривициран профил”, се појави на Google + во средата. Секако, не го отворил лично Обама, туку неговиот тим на луѓе кои учествуваат во изборната кампања, а на тоа упатува и начинот на кој се напишани првите постови кои не го кријат тој податок.

„Добродојдовте на Obama 2012 Google + страницата,” може да се прочита во првиот претседателски пост.

„И понатаму истражуваме и се обидуваме да го совладаме ова, но пишете ни што би сакале да видите овде, и кажете ни ги своите идеи за тоа како можеме да го искористиме овој простор за да ви помогнеме да останете поврзани со кампањата”.

Од една страна, доаѓањето на Обама на Google + е важен чекор во признавањето на оваа социјална мрежа. Обама е активен на Facebook и Twitter уште oд неговата прва претседателска кампања.

Од друга страна, доаѓањето на Обама на Google + не предизвика голем фама. Како што приметува Masable, првиот пост на Обама е веројатно најважната работа која се случила оваа недела на Google +, и 12 часа покасно на своите Google + профили, неговиот профил го споделиле само 110 корисници.

Што мислите дали Google + некогаш ќе успее да ја загрози доминацијата на Facebook?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma