Барбара Страјсенд

popara30 мај, 20111min00
barbra_streisand

Барбара Страјсенд е родена на 24-ти април во 1942 година. Таа е позната американска пејачка и актерка. Родена е во еврејско семејство во Бруклин, Њујорк.

Својата пејачка кариера ја започнала уште во тинејџерските денови, пеејќи во ноќните клубови. Таа сакала да биде и актерка и ја започнала и актерската кариера појавувајќи се во неколку оф-бродвејски претстави.

Прв филм во кој таа добила улога е Смешна девојка, сниман во 1968 година. За оваа улога таа добила Оскар.

Кога станува збор за музичката кариера таа снимала вкупно 60 албуми, поголем дел од нив за Колумбија рекордс.

Барбара се мажела два пати. Нејзин прв маж бил Елиот Глуд, со кој била во брак од 1963 до 1971 година. Со него го има синот Џејсон. По втор пат се омажила со актерот Џејмс Бролин на 1 јули 1998 година. Со него таа немала деца.

Барбара имала и политички ангажман. Таа долги години ја подржува Демократската партија.

http://www.youtube.com/watch?v=n-KPGh3wysw

http://www.youtube.com/watch?v=kmuF3jiufww&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=4KsM0L_ZLjM&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=NS7TbVuHtRI&feature=related

httpv://www.youtube.com/watch?v=fA8OmK3qslw

httpv://www.youtube.com/watch?v=KfarBWt6DWo

http://www.youtube.com/watch?v=TzQb2uJfMX0&feature=related

httpv://www.youtube.com/watch?v=QwCPAo5e_F8

http://www.youtube.com/watch?v=CXveDENr93I&feature=related

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag