BBC ангажирал преварант за да направи ,,драма,, на светските берзи?!

popara28 септември, 20111min00
uuuuuuuu

Алесио Раштани, трговец со акции, бил гостин на BBC, и со неговата изјава ги шокирал медиумите и луѓето од целиот свет. Поточно, Раштани изјавил дека во волку лоша економска состојба се надева дека еврото ќе доживее колапс.
Заштедите на милиони луѓе ќе исчезнат за помалку од 12 месеци. А ова е само почеток, изјавил Раштани и предизвикал паника меѓу штедачите.

http://www.youtube.com/watch?v=tBylnw1ZWZw&feature=related

Откако посеал страв во светот, Раштани станал тема на денот во многу светски медиуми, кои набргу почнале да ја анализираат неговата компетентност за да може да дава такви изјави во врска со актуелната економска ситуација. Се поставува прашањето како е можно човек кој нема дозвола од FSA, тело кое  ги регулира правилата на финансиската индустрија во Велика Британија, да биде гостин во сериозна емисија и да разговара за моменталната економската криза, пренесува Јутарњи лист.

Некои тврдат дека BBC наседнал на измамата на овој професионален забавувач.

– Ние спроведовме темелна истрага и не најдовме никакви докази дека интервјуто со Раштани е некаква измама, изјавиле од страна на BBC.

Набргу повторно се огласил Раштани.

– Тие мене ме контактираа. Сакам да привлечам внимание и тоа е причината зошто настапив во емисијата. Но, сепак стојам зад секој збор што го кажав. Трговијата е како хоби, тоа не е работа. Сакам да зборувам и зборувам многу, изјавил Раштани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag