Исплашена мајка ја однела својата едномесечна ќерка на преглед во болница во Ријад, Саудиска Арабија. Веднаш по раѓањето бебето имало проблеми со столицата и многу повраќало. Докторите по неколку направени тестови останале шокирани. Во стомакот на бебето пронашле фетус.
– Веднаш по пристигнувањето во болница, забележавме дека бебето има отечен стомак. Тестовите покажаа дека во бебето има мртов фетус. Веднаш го подготвивме бебето за операција. По три часовна операција од стомакот на бебето извадивме фетус во должина од 12 сантиметри, и тежина од 460 грама, изјавил за Emirates247, лекарот Салех ал Насар.