Бебето од Хари Потер “the last one“ добило само 40 фунти хонорар! Абе стипси едни…срам немате!!!

popara19 август, 20111min00
-bebe

Бебето кое го глуми Хари Потер наоваа возраст во последниот филм за малиот волшебник, добило само 40 фунти. Тоби Папворт пред камерите се појавува четри пати и учествува во трејлерот на филмот Harry Potter And The Deathly Hallows 2.

Неговата мајка останала шокирана кога го добила чекот за натапот на својот син. Цифрата која стои на чекот, не е доволна ни за два билета за 3D кино во Британија, изнесува само 40 фунти.

-Не можев да им поверувам на своите очи кога го видов чекот. Тие ми ветија дека ќе добие поголема дневница и дека ќе се обидат да ја зголемат цифрата, изјавила мајката на бебето, која не добила ни бесплатни билети за кинопроекцијата на филмот, морала да плати за да го види својот син на големиот екран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma